Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Земјите од Западен Балкан се клучни партнери на ЕУ

Фон дер Лаен: Земјите од Западен Балкан се клучни партнери на ЕУ

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лаен, го поздрави планот на Словенија да се фокусира на односите со Западен Балкан за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ.

Таа пред Европскиот парламент во Стразбур оцени дека Словенија е мост кон Западен Балкан и ја поздрави организацијата на самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој Словенија ќе го организира во октомври.

„Убедена сум дека овој самит ќе испрати важна порака до земјите од регионот. Порака дека тие се клучни и стратешки партнери на ЕУ“, рече Фон дер Лаен.

Претседателката на ЕК изрази очекување дека за време на словенечкото претседателство ќе има напредок во пристапувањето на земјите од регионот, особено кога станува збор за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Таа нагласи дека тоа е во интерес на ЕУ и нејзиниот кредибилитет.

„Кога ЕУ дава ветување, мора и да го исполни“, заклучи Фон дер Лаен.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца