Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кинески шпион уапсен во Германија – работел за фондација блиска до ЦСУ

Кинески шпион уапсен во Германија – работел за фондација блиска до ЦСУ
300x250 opst2

Германските власти уапсија и обвинија германски државјанин под сомнение дека шпионирал за кинеските тајни служби, соопшти германското обвинителство.

Во соопштението се наведува дека обвинетиот, идентификуван како Клаус Л., е политиколог и работи во група експерти од 2001 година.

Кинеската разузнавачка служба го ангажирала обвинетиот за време на неговото патување во Шангај во 2010 година, по што тој до ноември 2019 година, редовно испраќал информации за пари и патувања во Кина.

Обвинетиот денеска ќе се појави на суд во Минхен. Клаус Л, наводно, добивал информации преку високи политички контакти што ги сретнал додека работел со група експерти.

Телевизијата АРД тврди дека обвинетиот работел за фондацијата Ханс Зајдел во Минхен, блиска до Христијанско-социјалната унија на Баварија (ЦСУ), сојузник на канцеларката Ангела Меркел.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија