Утрински Весник
Свет

Поранешниот австриски вице-канцелар Штрахе пред суд за примање мито

Поранешниот австриски вице-канцелар Штрахе пред суд за примање мито

Судскиот процес против поранешниот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, кој е обвинет за примање мито, започна денеска пред покраинскиот суд во Виена.

На обвинителната клупа заедно со Штрахе е и Валтер Грумбилер, сопственик на приватна клиника во Виена, кој исто така е осомничен за мито.

Во коалициските преговори со Народната партија на Австрија (ОВП), Штрахе барал приватната клиника „Веринг“ да биде примена во фондот „Прикраф“. Болниците кои се дел од овој фонд можат да наплатат за одредени услуги преку здравствено осигурување, што носи големи дополнителни приходи.

За возврат, тврди обвинителството, Грибмилер му дал 10.000 евра на ФПО за изборната кампања. Грумбилер исто така го „наградил“ Штрахе за неговата посветеност, повикувајќи го на одмор на Крф во 2018 година. Тој одмор, велат обвинетите, никогаш не се случил.

Обвинителството за борба против корупција и економски криминал го карактеризираше како „купување на законот“.

Во случај на осуда, обвинетиот се соочува со казни од половина до пет години затвор.

Адвокатот на Грумбилер изјави дека приемот на приватната клиника „Веринг“ во Фондот е блокиран од Стопанската комора, обвинувајќи дека во Австрија постои коруптивен систем.

Адвокатот на Штрахе, Јохан Пауер изјави дека неговиот штитеник никогаш не прифатил мито.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство