Утрински Весник
Македонија

Четири потврдени случаи на делта сојот во земјава, за уште четири лица се чекаат резултати

Четири потврдени случаи на делта сојот во земјава, за уште четири лица се чекаат резултати

Досега се потврдени четири случаи на делта сојот во Македонија, а се чекаат резултати за уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој потврди дека вчера било регистрирано уште едно лице заразено со индискиот сој на коронавирусот (делта), кое се лекува во Велес и има полесна клиничка слика.

Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица пациенти кои се сомнителни на индискиот сој на коронавирусот и тие се лекуваат во Скопје. Еден од нив, како што рече Филипче, има потешка клиничка форма и е поставен на респираторна машина, додека останатите се стабилни.

Овие пациенти, како што кажа министерот за здравство, не се поврзани еден со друг и не биле вакцинирани.

„Скринингот кој се прави на тестовите во ИЈЗ и во МАНУ ја исклучува британската варијанта, што значи дека секаде каде што ќе се покаже дека не е британската варијанта, се прави секвенционционирање на индискиот сој. До денеска вечер ќе ги имаме резултатите за останатите четворица пациенти“, рече Филипче.

Доколку се потврди дека овие четворица пациенти се позитивни, во државава би имале осуммина заразени од индискиот сој.

Филипче вели дека во согласност со ова ќе се одржат средби за евентуално преземање мерки, а рече дека се уште е рано да се каже дали влезот на индискиот сој во земјава би го нарушил стартот на учебната година.

Индискиот сој на коронавирусот досега е евидентиран во повеќе од 100 држави.

 

Можете да прочитате

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд