Утрински Весник
Свет

Орбан се најде на листата непријатели на слободата на печатот

Орбан се најде на листата непријатели на слободата на печатот

За прв пат, Виктор Орбан, премиер на земја-членка на ЕУ, се најде на списокот на „непријатели на слободата на печатот“ на организацијата „Репортери без граници“ (РСФ).

На списокот објавен денеска има 37 шефови на држави и влади кои, според РСФ, значително ја поткопале слободата на печатот.

Нови на списокот, покрај унгарскиот премиер, се и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, саудискиот принц Мохамед бин Салман и премиерот на Хонг Конг, Кери Лам. Во образложението, РСФ наведува дека Орбан е непријател на слободата на печатот од доаѓањето на власт во 2010 година, тој ги користи методите на политички и економски махинации, уништување на угледот, како и принудување на автоцензура, со цел да ги контролира медиумите, се додава во извештајот.

Од доаѓањето на власт, според РСФ, Орбан ги ставил медиумите под контрола чекор по чекор, а Јавниот сервис е централизиран во рамките на државниот медиумски холдинг МТВА. Регионалните медиуми се во целосна сопственост на пријателите на Орбан од 2017 година, а најважните независни медиуми се затворени.

На списокот „непријатели на слободата на печатот“ на РСФ се и претседателот на Русија, Владимир Путин, како и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, но и претседателот на Кина, Хји Џинпинг.

„ Додадовме нови имиња во сите региони на светот“, рече директорот на РСФ, Кристијан Мир. Тој рече дека методите за контрола на медиумите се различни, но тие служат за истата цел – да се спречи критичното известување по секоја цена.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати