Утрински Весник
Спорт

Чесите ја декласираа Грција, изборија пласман на ОИ

Чесите ја декласираа Грција, изборија пласман на ОИ

Кошаркарската репрезентација на Чешка ја комплетираше листата на учесници на турнирот кој ќе се игра во рамките на Олимписките игри во Токио. На турнирот во канадскиот град Викторија, Чешка во финалето ја победи Грција со 97:72.

Чесите, кои во полу-финалето, го елиминираа домаќинот Канада, со поените на Томаш Саторански во последните секунди, во финалето ја декласираа фаворизираната Грција.

До победата Чесите ги предводеа Патрик Ауда со 20 и Јан Весели со 16 поени.

Во своето прво учество на Олимписките игри, чешките кошаркари ќе играат во А-групата со САД, Франција и Иран.

Б-група: Австралија, Италија, Германија, Нигерија

Ц-група: Словенија, Аргентина, Шпанија, Јапонија.

> Чесите ја декласираа Грција, изборија пласман на ОИ <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Шкендија го совлада Башкими

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување