Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ нема да емитува шпионска драма во Виетнам поради мапата на Јужното кинеско море

„Нетфликс“ нема да емитува шпионска драма во Виетнам поради мапата на Јужното кинеско море

„Нетфликс“ ја отстрани австралиската шпионска серија-драма Pine Gap од своите услуги во Виетнам по барање од страна на владата на оваа југоисточна азиска земја.

Виетнам трди дека во неколку епизоди од минисеријата се појавува мапа што ги прикажува кинеските тврдења за целосна сувереност врз Јужното кинеско море.

Мапата, која накратко се појавува на мониторите во контролна просторија во шпионска база во две епизоди од серијата, ја прикажува еднострано декларираната „линија со девет цртички“ на Кина и е прикажана во контекст на морските побарувања во регионот.

„Прекршувањата на Нетфликс ги налутија и повредија чувствата на целиот народ на Виетнам“, се наведува во соопштението на Агенцијата за радиодифузија и електронски информации, објавено на нејзината веб-страница на 1 јули.

„Ова е трет пат по ред во последните 12 месеци Нетфликс да дистрибуира филмови и ТВ-емисии со содржина што го нарушува суверенитетот на Виетнам“, се вели во соопштението.

Во последниве години, кинеските и виетнамските бродови се уплеткани во неколкумесечни застои во спорните води.

Нетфликс потврди дека ја отстранила серијата од својата понуда во Виетнам, но рече дека таа е достапна на услуга во остатокот од светот.

Можете да прочитате

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција

Работник опиша какви се условите за работа во Германија: „Кај Германец да, кај Балканец никогаш“

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година