Утрински Весник
Спорт

Пресврт во Торино – Роналдо сака продолжување на договорот со Јуве!

Пресврт во Торино – Роналдо сака продолжување на договорот со Јуве!

Според угледниот италијански спортски весник „Ла газета дело спорт“, агентот на Кристијано Роналдо побарал од Јувентус да му го продолжат договорот до јуни 2023, и покрај шпекулациите дека тој ќе замине ова лето.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед има уште една година од договорот со „старата дама“, но веќе најави дека му е добро во Јувентус и дека сака да го продолжи договорот на уште една година и покрај враќањето на Масимилијано Алегри на тренерската позиција.

Според „Газета“, Јувентус се свесни дека Мендеш веќе го понудил Роналдо на ПСЖ и на Јунајтед на крајот на сезоната, но двата клуба не биле заинтересирани да дадат многу пари за 36-годишниот ветеран. Сега, „старата дама“, бара време за одлука, бидејќи најголемиот проблем е платата од 31 милиони евра годишно, со што тој е најплатениот фудбалер во Италија.

> Пресврт во Торино – Роналдо сака продолжување на договорот со Јуве! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина