Утрински Весник
Свет

Усвоена резолуцијата за страдање на Србите во Сребреница, Бошњаците ја напуштија седницата

Усвоена резолуцијата за страдање на Србите во Сребреница, Бошњаците ја напуштија седницата
Dik 300x250 mk

Собранието на Сребреница ја усвои Резолуцијата за страдањата на Србите во Сребреница во 20. век. Предлогот за усвојување на Резолуцијата го поднесе потпреседателот на Собранието, Радомир Павловиќ кој е од партијата на Милорад Додик.

Тој порача дека со Резолуцијата се осудуваат злосторствата над српскиот народ и дека со тоа не се намалуваат злосторствата кои биле направени над другите народи.

Најави дека Резолуцијата ќе биде испратена до собранието на Република Српска со барање да ја освои со идентична создржина.

Собранието на Сребреница никогаш не усвои никако документ за геноцидот кој во Сребреница беше извршен над бошњачкиот народ во јули 1995 година. Овие настани се потврдени во најмлаку три случаи: со двете правосилните пресуди за воените лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ како и со пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг од 2007 година донесена по тужбата од Босна и Херцеговина против Сојузна Република Југославија.

Србија тогаш не беше прогласена за виновна за геноцид, но според мислењето на судот не го спречила и не ги казнила извршителите. Со оваа пресуда за директно виновни за случувањата во Сребреница во 1995 година беа посочени војската и полицијата на Република Српска.

Пред да почне гласањето за усвојување на Резолуцијата, шесте претставници на бошњачкиот народ ја напуштија седницата. Резолуцијата е усвоена девет дена пред одбележувањето на 26-годишнината од случувањата во Сребреница.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник