Утрински Весник
Македонија

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на судијата на Основен кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, информира Врховниот суд.

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по повод жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.6/2021 со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-30/9 од 19.03.2021 година, се додава во соопштението.

 

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката