Утрински Весник
Свет

Во БиХ потврден делта сојот, го донеле аџии

Во БиХ потврден делта сојот, го донеле аџии

Делта сојот на коронавирусот е потврден во Босна и Херцеговина, а станува збор за аџија од Меѓугорје, потврди за „Независне“, Лана Салихефендиќ, генетичарка од Генетскиот центар „Алеа“ во Сараево, каде бил секвенциониран овој нов вид на вирусот.

Според неа, тестирани биле аџии кои пристигнале во Меѓугорје, а од 100 примероци, пет биле позитивни на вирусот.

„Издвоивме уште неколку кои беа сомнителни и откривме дека тоа не е британската линија, па пристапивме кон секвенционирање и утврдивме дека еден примерок е 100 процентно потврден за делта сојот на коронавирусот. Останатите сè уште не се потврдени, но веруваме дека има и повеќе“, изјави Салихефендиќ.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина