Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поврат на парите за граѓаните кои се вакцинираа во Србија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поврат на парите за граѓаните кои се вакцинираа во Србија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог на закон за поврат на парични средства потрошени за имунизација против коронавирусот во Србија, по скратена постапка.

Како што појасни Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени во Србија.

„Според податоците објавени од српските власти само во март во Србија се вакцинирале околу 15.000 македонски граѓани. Бесплатната вакцинација за македонските граѓани продолжи и во јуни и сѐ уште трае, а според податоците овие бројки до денес се зголемени за двојно повеќе па податоците покажуваат дека во Република Србија до половината на месец јуни се вакцинирале повеќе од 30.000 македонски граѓани“, рече Стојаноска.

Со оглед на тоа дека според Уставот е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, додаде таа, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.

Според Стојаноска, има и група на граѓани кои што се вакцинирале и во други соседни земји и тие граѓани преку амандмански интервенции во законот ќе бидат опфатени во повратот на средствата за имунизација.

Таа ги повика пратениците од парламентарното мнозинство и од останатите опозициски партии да дадат поддршка на овој закон.

Можете да прочитате

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во Демир Хисар

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Александар Саша Димитријевиќ се ожени – свадба со партиски врв во „Риас“