Утрински Весник
Македонија

Арсовски: СДСМ сака да воведе највисока еколошка такса за горива во Европа

Арсовски: СДСМ сака да воведе највисока еколошка такса за горива во Европа

Наместо Владата да земе еколошка такса од загадувачите кои што реално го загадуваат воздухот, таа зема директно од џебот на обичните граѓани, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој обвини дека во Македонија се воведува највисока еколошка такса за горива во Европа.

Тој тврди дека Зоран Заев и СДСМ сакаат по секоја цена дупките во буџет кои ги направија со криминал, тендери и партиски вработувања да ги покријат и пополнат единствено со пари кои треба да ги дадат граѓаните преку давачките, односно последното преку еколошката такса.

„Еколошката такса од 4.13 денари за литар е покачување кое значи највисока еколошка такса која би ја плаќале граѓаните, споредено со сите европски земји. Сите се свесни дека Македонија го има најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, а најлоши економски резултати кои што ни ги презентира и носи оваа влада. Дупките во буџет од криминални тендери, СДСМ и Заев ги надополнуваат преку покачувања на еколошка такса за горива на самите горива, цени на струја, даноци и се останато“, рече Арсовски.

Тој нагласи дека за сметка на граѓаните, еколошка такса не плаќаат фирмите кои користат петрол кокс, а се 20 пати поголеми загадувачи од граѓаните, односно петрол коксот според експертските анализи е 20 пати поголем загадувач од обичното гориво.

Арсовски го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ќе го блокира штетното покачување на цените на горивата.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон