Утрински Весник
Македонија

Се бара притвор за скопјанецот кој уби со нож момче во Ново Село

Се бара притвор за скопјанецот кој уби со нож момче во Ново Село

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за убиство.

-Осомничениот 30-годишник, по претходна вербална расправија, на 29 јуни со умисла лишил од живот едно лице во скопско Ново Село. Тој најпрвин од својот џеб извадил нож и почнал да му се заканува на оштетениот, кој започнал да бега и да бара помош. По кратката расправија, осомничениот му задал на оштетениот убод со ножот во пределот на ребрата и го напуштил местото. Жртвата и подлегнала на здобиената повреда во Градската болница „8-ми Септември“, соопшти Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведок на настанот.​​

Можете да прочитате

Работничка повредена во фабриза во ТИРЗ Кочани

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт