Утрински Весник
Култура

Утревечер ДПМ ќе ја одржи поетската манифестација „Празник на липите“

ДПМ со конкурс за најдобра песна на „Празникот на липите“

На зелениот покрив на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, утре (2 јули), со почеток од 20 часот и 30 минути ќе се одржи поетската манифестација „Празник на липите“, во организација на Друштвото на писатели на Македонија.

На свеченоста ќе им биде врачена наградата „Книжевен жезол“ за поетски опус со високи естетски вредности на македонскиот поет, Иван Џепароски и на српскиот поет, Душан Стојковиќ.

Творештвото на Џепароски ќе го претстави Наташа Аврамовска, а за странскиот лауреат ќе говори Христо Петрески. Присутните ќе добијат примерок од повеќејазичната збирка поезија од двајцата лауреати, специјално подготвена за оваа манифестација.

Во вториот дел од манифестацијата ќе се чита поезијата пристигната на Конкурсот за најдобра песна на „Празник на липите 2021“, по што ќе биде соопштена и победничката песна.

Манифестацијата се организира под покровителство и со финансиска поддршка на Град Скопје.

Текстот Утревечер ДПМ ќе ја одржи поетската манифестација „Празник на липите“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“