Утрински Весник
Македонија

Иницијатива за заедничка седница на македонската и хрватската влада

Иницијатива за заедничка седница на македонската и хрватската влада

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата било изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете држави и бил нагласен нивниот пријателски карактер.

„Истовремено беше оценето дека двете држави имаат одлична соработка на регионален и на мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО алијансата, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности“, се наведува во соопштението.

Пендаровски ја поздравил идејата за одржување прва заедничка седница на владите на двете држави, на која би се разговарало за идните насоки на соработка.

Осврнувајќи се на последниот развој на настаните поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, Пендаровски изразил благодарност за принципиелната поддршка од Хрватска за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

На средбата биле разменети информации за тековниот процес на вакцинација против Ковид-19.

Во тој контекст, македонскиот претседател се заблагодарил за намерата хрватската влада да донира 10.000 дози од вакцината „Астразенека“ за нашата држава.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа