Утрински Весник
Македонија

Во Скопје уапсен криминалец од Бугарија, меѓу најбараните во Европа

Во Скопје уапсен криминалец од Бугарија, меѓу најбараните во Европа

Полицијата уапси криминалец од Бугарија кој е меѓу најбараните во Европа, соопшти МВР.

Шеесет и тригодишниот бугарски државјанин П.И.М. бил уапсен вчера на подрачјето на Центар. По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Софија.

П.И.М. е осуден на казна затвор од 14 години за силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.

Судот му определи екстрадициски притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата

ВЛЕН: Пет прашања на кои Али Ахмети и ДУИ треба да одговорат

Денеска е Крстовден: Православните верници го одбележуваат Воздвижението на Чесниот Крст