Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Дали Заев не воведува еколошка такса за петрол кокс само затоа што негова фирма го користи?

(Видео) Арсовски: Дали Заев не воведува еколошка такса за петрол кокс само затоа што негова фирма го користи?

Лицемерието на Заев и СДСМ со воведувањето на еколошката такса за горивата, односно покачувањето на цената на горивата за граѓаните се покажува на дело, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, со новиот закон не се воведува еколошка такса за деривати и енергенси кои загадуваат десетици пати повеќе, а тоа, според него, е од причина што фамилијата Заеви не сака да даде, туку сака да земе.

„Замислете, според нашите информации петрол коксот што се увезува, или нафтениот кокс познат во јавноста, загадува десетици пати повеќе од горивото кое што го возат граѓаните, а го користат многу фабрики низ Македонија, но главниот интерес според нашите информации за невоведување на еколошка такса за овој дериват, односно енергенс е токму кај семејството Заеви“, рече Арсовски.

Според него, нивната циглана Еленица, годишно троши над 3.500 тони петрол кокс. Арсовски потсети дека во 2019 година била укината акцизата за петрол кокс.

„Еве јавно прашуваме дали Еленица користи петрол кокс и дали е амнестирана од овие давачки? Акцизата во просек излегувала околу 45-50 евра по тон петрол кокс зависно од јачината на енергенсот, што знаци дека на контото на Заеви со укинување на оваа давачка одат над 170.000 евра годишно. Наместо да дадат на државата за тоа што загадуваат, тие практично земаат“, рече Арсовски.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ќе го блокира ова, како што кажа, покачување на цените на горивата за граѓаните.

Можете да прочитате

Мицкоски најави нови линеарно покачување на пензиите

Арсовска го тепала командантот Барути, тврди Меџити

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена