Утрински Весник
Спорт

ММА фајтер нокаутираше човек во ноќен бар, па тврдеше дека е во самоодбрана

ММА фајтер нокаутираше човек во ноќен бар, па тврдеше дека е во самоодбрана

Поранешниот ММА фајтер во Белатор федерацијата и светски шампион во кик-бокс, Џо Шилинг тврди дека чувствувал дека неговиот живот е во опасност откако се појави . на кое нокаутира еден човек во еден ноќен бар.

37-годишниот Шилинг на снимката поминува покрај еден човек, кој нешто му зборува, пред со два удари да го прати на подот и да си замине. Не е јасно каде се случил инцидентот и дали бил пријавен во полиција.

Шилинг на социјалните мрежи објасни дека сметал дека животот му е во опасност и дека реагирал во самоодбрана.

„Изгледа во оваа земја веќе не можеш да делуваш во самоодбрана. Не трипувајте за .то и благодарам за грижата која ја покажавте кон мене во овој заканувачки инцидент. Тој човек рапуваше како идиот, а момчето, кое беше црно помина покрај него и го навреди расистички. Тој беше навреден, но не сакаше да ја загуби работата. Кловнот потоа почна да ме гледа и рапува. Кога се закани, бев исплашен за мојот живот и реагирав дефанзивно“, вели Шилинг.

Шилинг последен пат беше во Белатор во 2019 година, кога беше нокаутиран од Тони Џонсон, а претходно имаше пораз и од Тони Фергусон.

> ММА фајтер нокаутираше човек во ноќен бар, па тврдеше дека е во самоодбрана <

Можете да прочитате

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата