Утрински Весник
Свет

Во Грција пронајдена украдена слика на Пикасо вредна 16,5 милиони евра

Во Грција пронајдена украдена слика на Пикасо вредна 16,5 милиони евра
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчката полиција ја пронајде сликата „Глава на жена“ на шпанскиот сликар Пабло Пикасо, која беше украдена од Националната галерија во Атина пред повеќе од девет години.

Крадецот наводно има 49 години, објавија грчките медиуми. Сликата на Пикасо е пронајдена со друго оштетено дело на холандскиот сликар Пјет Мондријан во магацин на околу 50 километри од Атина.

Полицијата ја продолжи истрагата во февруари, бидејќи експертите веруваа дека „Глава на жена“ никогаш не се појавила на црниот пазар и никогаш не била однесена од Грција.

Вредноста на сликата се проценува на 16,5 милиони евра. Сликата има посебно значење за Грција затоа што уметникот лично ѝ ја дал на земјата за да ја награди за отпорот против нацистите за време на Втората светска војна.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп