Утрински Весник
Македонија

Турската Амбасада обезбеди бесплатни здравствени прегледи во западниот дел на Македонија

207056522 2894920480759443 3691106002674890985 n
Dik 300x250 mk

Амбасадата на Турција во Скопје обезбеди бесплатни здравствени прегледи во одредени подрачја во западниот дел на Северна Македонија наменета за стари лица, деца и жени што живеат во рурални подрачја и немаат пристап до здравствена нега.

Во соопштението објавено на фејсбук-страницата на Амбасадата на Турција во Скопје се наведува дека организацијата е реализирана заедно со болницата „Санте плус“, која, според соопштението, е турска инвестиција во областа на здравството во Северна Македонија.

Се наведува дека здравствените прегледи се реализирани во Центар Жупа и во селото Броштица, во западниот дел на земјата.

„Упатуваме благодарност до управителите и здравствените работници на болницата кои го реализираа овој проект за општествена одговорност за кој имаше голема заинтересираност“, се истакнува во соопштението на турската Амбасада во Скопје.

Меѓу другото, во соопштението на болницата „Санте плус“ се вели дека во кампањата биле вклучени 3 амбулантни возила, додека за над 100 лица се обезбедени различни здравствени услуги, како ЕКГ, гинеколошки прегледи, скрининг со ултразвук, педијатриски прегледи и анализи на крвната слика.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!