Утрински Весник
Македонија

Изготвен е сертификатот за прележан коронавирус, може да се подигне кај матичниот лекар или онлајн

Изготвен е сертификатот за прележан коронавирус, може да се подигне кај матичниот лекар или онлајн

Министерството за здравство информира дека во Националниот систем „Мој Термин“ е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид-19.

Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Ангелов: Дрисла е под 24-часовен надзор со термални камери

Скопје 15 дена во чад – Кој го труе главниот град?

Министерство за здравство без ниту една препорака до граѓаните за опасниот пожар во Трубарево