Утрински Весник
Магазин

Џеси Џеј подложена на 24-часовни медицински тестирања

Џеси Џеј подложена на 24-часовни медицински тестирања

Британската пејачка Џеси Џеј откри дека била во болница, каде требало да помине 24-часовни медицински тестови за да се утврди причинителот за мистериозна болест.

33-годишната поп-sвезда се огласи на Инстаграм-стори за да објави фотографија на која се гледа дека има цевка во носот и во стомакот, како дел од испитувањето.

Во објавата Џеси напиша: „Ќе видиме дали ова ќе ми даде одговори.“

Во другиот видео клип таа вели: „Правам тест за рефлуксна киселина 24 часа.“

На Џеси во декември ѝ беше дијагностицирана Мениерова болест – состојба на уво што може да предизвика ненадејни напади на вртоглавица – а неодамна откри дека ѝ е тешко и болно да пее.

Пејачката, најпозната по хитот „Бенг бенг“, исто така, откри дека киселинскиот рефлукс и вокалните јазли, болни грутки на гласните жици, ѝ предизвикуваат дополнителна непријатност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста