Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Со генералниот секретар на ЕПП разговаравме за поддршка за локалните избори за Скопје

Мицкоски: Со генералниот секретар на ЕПП разговаравме за поддршка за локалните избори за Скопје

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека остварил успешна средба со Генералниот секретар на Европската Народна Партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент.

„Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на престојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите“, порача Мицкоски.

Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо.

Можете да прочитате

Ново судење за „Пулс“ – исказ ќе дадат пет сведоци

Топол Антициклон од југ носи натпросечно топло време во Македонија

„Не смееш ни да се разболиш“ – Атовска за суровата реалност на военото известување