Луис Хамилтон на вчерашната трка за ГН на Штаерска заврши на втората позиција, зад Макс Ферстапен од Ред Бул. По завршувањето на трката Британецот рече дека е изненаден од брзината на „биковите“.
„Ред Бул беше за 3 или 4 десетинки побрз. Нивната брзина е неверојатна. Не можев ништо да правам, не знам од каде им е брзината. Во сјаен ритам се. Ние не направивме некои подобрувања, а тие направија. Го подобрија моторот, но и некои други делови од болидот, тоа е тоа што ги држи напред. Не можеме да направиме многу при ваква брзина. Мора да се обидуваме, убеден сум дека ќе успееме во нешто“ рече Хамилтон.
Пред почетокот на новата сезона сите тимови добија по 145 милиони евра за трошење, но дел од средствата мораат да се префрлат за развој на автомобилите за 2022 година.
„Можеби тие сега трошат повеќе, а ние ќе трошиме наредната сезона. Не сум сигурен дали тоа е случајот, не е мое да размислувам за тие работи“ рече Хамилтон.
По 8 трки сезонава, Ферстапен е прв во генерален пласман со 156 бодиви, пред Хамилтон кој има 138.
Кај конструкторите Ред Бул има 252 поени, 40 повеќе од Мерцедес.
> Хамилтон збунет: Не знам од каде им е брзината на Ред Бул, можеби трошат повеќе од нас! <