Првото полувреме на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја донесе тактички фудбал иако на него настапуваат актуелниот европски шампион Португалија и првопласираната селекција на ФИФА ранг листата – Белгија.
Сепак 1:0 е за Белгија по 45 минути на четвртиот осминафинален дуел на ЕУРО 2020, иако впечатокот е дека Португалија беше поблиску до водство.
Торган Азар со одличен удар од 20 метри од десно во 42 минута го матираше Руи Патрисио со првиот удар кон голот на Португалија. Се чини беескорисни се двете најсериозни шанси на мечот претходно.
Уште во 5 минута Диего Жота имаше убава можност да го отвори резултатот, но биеше многу непрецизно од добра позиција.
И втората најсериозна шанса беше пред голот на Куртоа. Кристијано Роналдо од слободен удар биеше силно во десниот долен агол, но белгискиот чувар на мрежата одлично интервенираше.
Португалија е на потег во вториот дел.
> Торган Азар од 20 метри ја матира Португалија за предност на полувреме <