Утрински Весник
Свет

Русите требаше да го потопат британскиот разурнувач-Израелски разузнавач за инцидентот во Црното Море

Русите требаше да го потопат британскиот разурнувач-Израелски разузнавач за инцидентот во Црното Море

Поранешниот шеф на израелската специјална служба „Натив“, Јаков Кедми, смета дека било потребно потопување на британскиот разурнувач „Дефендер“, што, според него, ја испровоцирало Русија минувајќи низ водите близу Крим, пренесуваат светските гласила.

„Ќе го потонев“, рече Кедми, мислејќи на британскиот разурнувач.

Според него, после тоа требало да следи извинување.

Кедми смета дека на Британците им била потребна лекција што ќе ја паметат цел живот.

“Тие се господа. И овие господа треба да добијат по нос. И така ќе го паметат тоа до крајот на животот. Тие ја користат вашата слабост, вашата учтивост и вршат такви провокации”, прецизира Јаков Кедми, пренесуваат агенциите.

Медиумите потсетуваат дека Црноморската флота на Русија, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа три предупредувачки истрели во средата, со цел да спречат британскиот разурнувач да ја наруши руската државна граница.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението