Утрински Весник
Свет

Британците загрижени- Новата руска нуклеарна подморница способна да уништи цел град

Британците загрижени- Новата руска нуклеарна подморница способна да  уништи цел град

Новата руска нуклеарна подморница К-329 „Белгород“ е во состојба да уништи не само носач на авиони, туку и цел град, пишуваат британските новинари.

Експертите најмногу се загрижени околу руските торпеда- дронови „Посејдон“, бидејќи нивната експлозија под вода може да предизвика радиоактивно цунами што би предизвикало удар на бран висок и до 90 метри врз крајбрежните градови на потенцијалениот непријател.

„Подморницата е способна да пренесе до шест нуклеарни торпеда „Посејдон“, од кои секоја е способна да носи боеви глави со експлозивна моќност од два мегатони“, објаснуваат новинарите.

Според експертот на британскиот аналитички центар за одбранбени прашања, Сидхарт Каушал, флотата на беспилотни подводни апарати во моментов е од стратешко значење за Русија.

„Подморницата има доволно простор да служи како основа за складирање на мали уреди кои се способни да нуркаат длабоко. Таа е добро опремена за саботажа и прикриени операции“, рече тој.

Нуклеарната подморница за специјална намена „Белгород“ (проект 09852) е носач на беспилотни летала на подводни погони од класата „Посејдон“. Изграден во бродоградилиштето „Севмаш“ и заронета за прв пат во април 2019 година.

Според прелиминарните податоци, тестирањето на подморницата ќе заврши во септември оваа година.

Можете да прочитате

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк

Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Катедралата „Нотр Дам“ повторно се отвора денеска: поминаа пет години од разорниот пожар