Утрински Весник
Свет

По смртта на мигрантот Италија забрани работа на тропските горештини

По смртта на мигрантот Италија забрани работа на тропските горештини

По смртта на мигрантот кој работел во јужниот италијански регион Пуља поради тропските горештини, Италија ги забрани земјоделските работи во најжешките периоди на денот до крајот на август.

27-годишниот мигрант од Мали, како што вчера соопштија медиумите во Италија починал додека се враќал со велосипед од поле каде му се слошило.

Причината за неговата смрт се утврдува, но потсетува на смртта на 49-годишната Италијанка во лозје во Пуља во 2015 година. Нејзината смрт го привлече вниманието од тешките услови во кои работат домашните и странските надничари, берејќи овошје и зеленчук за време на предолги смени за само неколку евра на час.

Гувернерот на регионот потпиша указ со кој се забранува работа на терен од 12,30 до 16,00 часот до крајот на август во денови со тропска топлина.

Во последниве недели, температурата во Пуља беше 40 степени.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп