Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Чешката полиција објави видео од торнадото одблизу: „Ова го снимил храбар човек“

Чешката полиција објави видео од торнадото одблизу: „Ова го снимил храбар човек“
Img 7972

Чешката полиција објави на твитер-профил објави неверојатно видео од торнадото, снимено одблизу.

„Неверојатно автентично видео од Лужице. Денеса со нас го сподели еден од мештаните кои очигледно има челични нерви. Благодарност до него. Радован, ти си храбар човек!“, напиша чешката полиција на „Твитер“.

Лужице е едно од селата во Јужноморавскиот регион кое претрпе најмногу штета во ударот на разорното торнадо Ф3.

Потсетување, торнадата се класифицираат според таканаречената Фуџитова скала (според Тетсуја Фуџита) од F0 до F5, при што F5 е најсилна бура.

Според претходните податоци, торнадото во чешка било на горната граница на F3. Брзината на ветерот изнесувала околу 219 км/ч. Но, метеоролозите не ја исклучуваат можноста во некои моменти торнадото да било уште посилно од тоа.

Во невидената бура што ја погоди Чешка во четвртокот, загинаа пет лица, а околу двесте се повредени.

Според проценките на метеоролошката служба, торнадото оставило појас на уништување широк 500 метри и долг 26 километри.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија