Утрински Весник
Спорт

Вињалес го победи колегата Квартараро за пол-позицијата во Асен

Вињалес го победи колегата Квартараро за пол-позицијата во Асен

Маверик Вињалес успеа да биде побрз од својот колега во Јамаха, и лидер во генерален пласман, Фабио Квартараро за да ја освои пол-позицијата на Холандското ТТ на „катедралата на брзината“ во Асен, поставувајќи нов рекорд на патеката.

Асот на Дукати, Пеко Бањаја ќе стартува заедно со Јамахите во првиот ред, додека втората тројка ја комплетираат Накагами, Зарко и Оливеира.

Шесткратниот шамппион Марк Маркез, кој вчера имаше спектакуларно испаѓање, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија и ќе стартува од 20. место. Неговиот стар ривал, Валентино Роси ќе стартува од 12. место.

Асен се враќа на Мото ГП календарот првпат од 2019 година, откако минатогодишната трка беше откажана поради КОВИД-19.

> Вињалес го победи колегата Квартараро за пол-позицијата во Асен <

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација