Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јанша: Двојните аршини водат до распаѓање на ЕУ, ние ќе се бориме за еднакви права на сите

Јанша: Двојните аршини водат до распаѓање на ЕУ, ние ќе се бориме за еднакви права на сите
300x250 opst2

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша рече дека неговата земја ќе се бори против двојните аршини во Европската Унија, откако Словенија ќе го преземе претседателството со ЕУ од Португалија.

На церемонијата по повод Денот на државноста, Јанша симболично го презеде претседателството со ЕУ од португалскиот министер за надворешни работи и рече дека Словенија, бидејќи по вторпат претседава со Унијата, има одредено искуство во водењето на ваквите заедници.

„Знаеме што работи, а што не, знаеме дека двојните аршини се патот до распаѓање и ќе се бориме за еднакви правила за сите“, нагласи Јанша.

Заблагодарувајќи се на португалското претседателство со ЕУ за, како што рече, извонредната работа во тешки околности, Јанша рече дека Словенија ќе стори се за да го направи постпандемичното закрепнување брзо и ефикасно и да ги постави темелите за стратешката автономија на Унијата што е можно поскоро, објавиja агенциите во регионот.

Тој подвлече дека визијата за Словенија и ЕУ се заснова на слободно изразување на мислење, високи стандарди за заштита на човековите права и владеење на правото, што подразбира еднакви правила за сите.

Со обраќањето на Јанша во петокот заврши двочасовната церемонија на Денот на државноста, на која присуствуваа највисоките функционери и политичари, верски лидери на Словенија, како и високи гости од соседните земји и ЕУ.

Церемонијата ја одбележа 30-годишнината од државноста на ова земја, но и претстојното претседателство со Советот на ЕУ, кое официјално ќе започне на 1 јули.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври