Утрински Весник
Спорт

Мечот Џошуа-Усик потврден на 25 септември на стадионот на Тотенхем

Мечот Џошуа-Усик потврден на 25 септември на стадионот на Тотенхем

Ентони Џошуа ќе ги брани своите титули во тешка категорија против Украинецот Олександер Усик на 25 септември, најверојатно на стадионот на Тотенхем во Лондон, потврди неговиот промотер Еди Херн.

Усик доби шанса за својот прв меч за титулата во тешка категорија по доминацијата во крузер категорија, откако ВБО го промовираше во прв предизвикувач по распадот на преговорите за обединување на титулите на Џошуа со британскиот ривал Тајсон Фјури, кој пак ќе ја комплетира трилогијата против Дионтеј Вајлдер (24 јули во Лас Вегас).

> Мечот Џошуа-Усик потврден на 25 септември на стадионот на Тотенхем <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога