Утрински Весник
Свет

Русија ќе одговори на заканите на ЕУ со иста мерка, порачува Захарова

Русија ќе одговори на заканите на ЕУ со иста мерка, порачува Захарова

Русија е подготвена да продолжи со рамноправен дијалог со Европската Унија, но нема да толерира никакви услови и закани за еднострани и незаконски санкции против Москва, и ќе има пропорционален одговор, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи ги заклучоците од самитот на ЕУ за Русија, Захарова рече дека тие покажуваат дека ЕУ сè уште има систематски проблеми со развојот на јасна стратегија за односите со Русија.

„Дискусиите на самитот јасно покажаа дека антируските членки продолжуваат да одредуваат заеднички именител за прашањето на Русија“, рече Захарова, пренесуваат руските агенции.

Таа посочи дека Москва ги отфрла неточните и неосновани обвинувања против Русија, напишани во документот, како неприфатливи.

„Жално е што европските структури избегнуваат дијалог со нас за прашања од нивен интерес, вклучувајќи ги и информациите и сајбер безбедноста“, рече Захарова.

По неколкучасовна дискусија за Русија, лидерите на 27-те членки на ЕУ не ја прифатија иницијативата на Германија и Франција да организираат самит Русија-ЕУ.

Европскиот совет ја нагласи потребата од цврст и координиран одговор од ЕУ и нејзините земји-членки на какви било понатамошни злонамерни, незаконски и нарушувачки активности од страна на Русија, користејќи ги сите инструменти, вклучително и економските санкции.

Во исто време, Европскиот совет ја повтори својата отвореност за селективен ангажман со Русија во области од интерес на ЕУ како што се климата и животната средина, здравството, како и избраните прашања од надворешната и безбедносната политика и мултилатералните прашања како што се Иран, Сирија и Либија.

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор