Утрински Весник
Свет

Курц загрижен за раздорот во ЕУ

Курц загрижен за раздорот во ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изрази загриженост за длабоките поделби во Европската Унија.

Тој го изјави ова по повод разговорите што беа одржани на самитот на Европската Унија за Русија и за законите за хомосексуалците во Унгарија.

Во изјава за новинарите, тој рече дека не е проблем ако има различни ставови за внатрешно-политички теми.

„Но, ако не сме обединети во надворешната политика, тогаш тоа е лошо. Тоа ја ослабува ЕУ“, нагласи Курц.

Кога станува збор за Русија, тој изрази разочарување што нема храбра одлука.

“Неопходна е стратегија на ЕУ кон Русија. ЕУ не може да чека дали ќе се сретнат американскиот и рускиот претседател. ЕУ е непосреден географски сосед на Русија”, подвлече Курц.

Можете да прочитате

Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија

Автобус се преврте во Унгарија, 12 загинати