Утрински Весник
Македонија

Оружје и муниција пронајдени кај угостителки објект во Тетово

Оружје и муниција пронајдени кај угостителки објект во Тетово

Синоќа полицијата извршила контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на А.А.(30) од тетовско Боговиње, пришто затекнале 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од Македонија, како и 41 лице – гости во објектот.

Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а близина биле пронајдени две парчиња огнено оружје „шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција.

„Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.

Можете да прочитате

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти

До 7:30 часот активни три пожари

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи