Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс со резултат 106-92 славеа на ноќешниот трет дуел против Феникс Санс во финалето на Западната конференција во НБА лигата.
Клиперси ги загубија двата претходни меча од „сонцата“, но пред својата публика се „разбудија“ и ја вратија неизвесноста во серијата.
Отсуството на Каваи Ленард го надополни Пол Џорџ кој мечот го заврши со 27 поени, 15 скока и 8 асистенции. Сјаен во тимот беше и Хрватот Ивица Зубац со 15 поени и 16 скока, додека Реџи Џексон мечот го заврши со 23 поени.
На другата страна – Ејтон имаше ефект од 18 поени и 9 скока, а Дејвин Букер, кој играше со заштитна маска поради повреда на носот уфрли 15 поени. Толку имаше и повратникот во екипата, Крис Пол, надополнето со 12 асистенции.
Четвртиот меч од финалето на Западот се игра исто така во Лос Анџелес, во недела наутро во 3 часот.
> Клиперси се будат, Крис Пол недоволен за брејк на „сонцата“ <