Утрински Весник
Спорт

Малдини за „лудите“ барања на Рамос: Тој не знае каде се наоѓа!

Малдини за „лудите“ барања на Рамос: Тој не знае каде се наоѓа!

Дефанзивецот Серхио Рамос неодамна го напушти Реал Мадрид, а според последните информации, тој е најблиску до премин во ПСЖ.

И калчолигашот Милан беше заинтересиран за услугите на шпанскиот ветеран, но кратко траеше можноста Рамос да заигра за тимот од „Сан Сиро“.

Според информациите до кои дојде ТВ емисијата „Чирингито“ – братот на Серхио, Рене Рамос кој е негов менаџер бил на преговори со спортскиот директор на „Росонерите“, Паоло Малдини.

Според информациите, условите на довчерашниот капитен на „Кралевите“ биле 20 милиони евра за потпис со Милан и годишна плата од 15 милиони евра.

Малдини, како што пренесуваат, изненаден од ваквата „дрска“ понуда прокоментирал:

„Рамос моментно не знае каде се наоѓа“.

Условите кои Милан бил подготвен да му ги понуди на Рамос биле двегодишен договор со можност за продолжување и годишна плата од 8 милиони евра.

> Малдини за „лудите“ барања на Рамос: Тој не знае каде се наоѓа! <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ