Утрински Весник
Спорт

Дортмунд одбиле 110 милиони евра од Реал за Халанд?

Дортмунд одбиле 110 милиони евра од Реал за Халанд?

И покрај вестите дека Килијан Мбапе не планира да продолжи со Пари Сен-Жермен, заминувањето на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид значи дека „кралевите“ имаат нова главна цел – ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Според италијанскиот весник „Ла република“, Реал Мадрид веќе дале понуда од 110 милиони евра, која Борусија ја одбиле, бидејќи очекуваат цена од околу 150 милиони евра. Меѓутоа одбивањето може да биде меч со две острици, бидејќи Халанд има клаузула во договорот со која следното лето ќе биде достапен за „само“ 75 милиони евра.

Се верува дека би се склучил договор за 130 милиони евра, а Флорентино Перез повторно би донел „галактико“ засилување за враќање на довербата на навивачите по сезона во која Реал не освои ниту една титула. Самиот Халанд се согласил на трансферот, исто како и неговиот агент Мино Рајола, кој пред неколку месеци беше во посета на Мадрид на состанок со Перез.

20-годишниот Халанд има договор со Дортмунд до 2024 година, а за него беа заинтересирани и Челси, Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, клубови кои можат да си ја приуштат посакуваната цена на германскиот клуб.

> Дортмунд одбиле 110 милиони евра од Реал за Халанд? <

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари