Утрински Весник
Македонија

Тројца обвинети за илегална препродажба на дрога во Гостивар

Тројца обвинети за илегална препродажба на дрога во Гостивар

Основното јавно обвиителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

Како соизвршители, тројцата обвинети на 10 мај во тетовското село Камењане од непознато лице набавиле наркотична дрога – хероин со намера да ја препродадат на уживатели во Гостивар и околината. Кај врапчишка петља возилото било забележано од полициски службеници, кои го запреле и пребарувајќи пронашле 4,4 грама хероин, информираат од МВР.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определените мерки притвор за обвинетите лица.​​

Можете да прочитате

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола