Утрински Весник
Македонија

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување.

Австриското Министерство за здравство ги објави имињата на 11 нови земји кои се вклучени во ранг листата на сигурни држави по прашањето на пандемијата од коронавирусот. Ова ќе им овозможи полесно патување на нивните граѓани во Австрија, пренесуваат агенциите.

Новиот декрет на Министерството за здравство на Австрија стапува на сила од утре, па граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја.

Покрај споменатите балкански земји, на списокот на безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните на овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, или лекарско уверение за претходно прележан Ковид-19.

Австрија на овој начин ја спроведува одлуката на амбасадорите на Европската Унија од минатата недела, пренесуваат медиумите.

Од воведувањето на ограничувачки мерки, влезот на границите во Австрија беше оневозможен за граѓаните на одредени земји за туристички цели. Само оние кои имаа дозволи за престој или посебни причини можеа да влезат во Австрија, прво само со негативен ПЦР тест и задолжителен десетдневен карантин, а од скоро без карантин доколку се вакцинирани.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ