Македонија нема датум затоа што во ЕУ не сакаат да си имаат работа со криминалците од ДУИ и СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Македонија е на 111 место на листата на Транспаренси. Според опозициската партија, Заев ја бетонирал државата на врвот на криминалот и корумпираноста.
„ Во ЕУ не се оди со рекет и криминал. Во ЕУ не сакаат премиер на држава кој е аболициран за криминал, и чиј пти брат се спомнува како лице кое барало рекет од фирми кои вршат работи добиени на тендер.
Во ЕУ не се оди со нерасчистени случаи за криминал како случајот со Ден Дончев, кој сите го видовме како трпа туце пари во торба, ниту пак за Заев, кои беа посочени дека кај нив завршиле парите од аферата Рекет, и тоа лично од човекот кој ја носеше торбата полна милиони.
Во ЕУ не поминува “зелената агенда” која ги труе граѓаните на градовите каде токму тие зелени се власт. Кичево, Тетово, Струга и други тонат во смет. А тендерите врват.
Заев не може да ја однесе Македонија во ЕУ, Заев е политичар потонат во криминал и корупција.
Заев мора да си оди, за Македоника да тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!“ се додава во соопштението.