Данска стигна до фантастична 4:1 победа над Русија за емотивен пласман во осминафиналето на ЕУРО 2020, откако го започнаа турнирот со неверојатните сцени со срцевиот напад на Кристијан Ериксен, во исто време елиминирајќи ги фаворизираните Руси. Белгија, пак, им направи услуга со 2:0 победата над Финска, со која дебитантите на ЕУРО 2020 ја завршуваат групата на третото место и ќе почекаат да видат дали се меѓу 16-те најдобри.
Данците, како второпласирани во групата во осминафиналето ќе играат со Велс, додека Белгија ќе го чека третопласираниот од групите А (Швајцарија), Д, Е или Ф.
Микел Дармсгард им донесе 0:1 водство на Данците во 38. минута со фантастичен гол, за во 57. минута Јусуф Поулсен да зголеми на 0:2. Русите најавија камбек во 70. минута со гол од пенал на Артем Ѕјуба, пред Кристенсен во 79. и Меле во 83. минута да ја потврдат победата на „викинзите“.
Белгијците, пак, се намачија додека стигнаа до својата трета победа во трите меча. Прво во 65. минута, голот на Ромелу Лукаку беше поништен поради офсајд, пред во 74. минута, по обидот на Вермален, Лукаш Храдецки да ја смести топката во сопствената мрежа. Лукаку во 81. минута пак доби одлична топка од Кевин де Брујне за да зголеми на 0:2.
ГРУПА Б
Финска – Белгија 0:2
Русија – Данска 1:4
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1685-26542”));
> Данците ја „здробија“ Русија за осминафинале во чест на Ериксен, Финците ќе почекаат! <