Утрински Весник
Свет

Производителот на „спутник В“: Нашата вакцина штити од сите соеви, вклучително и од делта

Производителот на „спутник В“: Нашата вакцина штити од сите соеви, вклучително и од делта

Институтот кој ја произведе руската вакцина против коронавирус „спутник В“, денеска објави дека штити од сите познати варијанти, вклучувајќи ја и делтата, одговорна за избувнувањето на епидемијата во Русија.

Москва и регионот, како и Санкт Петербург, се погодени од новиот бран и имаат рекорден број на заразени лица.

Александар Гинтсбург, директор на Центарот Гамалеја кој го произведе „спутник В“, рече дека две дози од таа вакцина штитат од сите сега познати варијанти, од британска до индиска делта.

Овие изјави го охрабруваат руското население да се вакцинира во време кога кампањата за вакцинација е во застој поради недоверба и покрај повеќекратните повици од претседателот Владимир Путин.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд