Утрински Весник
Македонија

Додека спиеле им влегол со сечиво долго половина метар и барал 75.000 денари

Додека спиеле им влегол со сечиво долго половина метар и барал 75.000 денари

Основното јавно обвинителство во Гевгелија донесе наредба за истрага против едно лице од село Прждево, општина Демир Капија, кое е осомничено за кривично дело – изнуда.

На 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 сантиметри, кој се употребува за рачно сечење гранки.

Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се заканил со оружјето, барајќи од домаќинот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на кози, во сопственост на оштетениот.

Со сериозна закана со употреба на опасно орудие, насилникот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го присили домаќинот да му ги даде парите.

На осомничениот определен му е притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Професорката Ванковска ја нападна претседателката Силјановска околу војната во Газа

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос