Утрински Весник
Македонија

Црвениот крст им додели благодарници на Филипче, Спасовски и Шекеринска

Црвениот крст им додели благодарници на Филипче, Спасовски и Шекеринска

Црвениот крст заедно и Институтот за трансфузиона медицина им доделија благодарници на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана во знак на благодарност за досеганата соработка на полето на крводарителството. Благодарници добија и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска за личен пример, поддршка, поттикнување и соработка.

Воведно обраќање имаше и Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити каде истакна дека пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас.

„ Во текот на пандемијата со Ковид-19 и покрај ограничената мобилност и другите предизвици кои таа ги донесе со себе, дарителите на крв продолжија да даруваат крв и плазма за пациенти на кои им е потребна трансфузија. Овој извонреден напор за време на пандемија, ја нагласува клучната улога на добро организираните, посветени, доброволни и неплатени дарители во процесот на снабдување со крв во тековни и вонредни околности“ истакна Саити.

На самиот настан преку ЗООМ платформата директно се јавија од Дневниот центар за дарување крв каде даруваа крв припадниците од АРМ и од Институтот за трансфузиона медицина каде даруваа крв припадниците од МВР.

Можете да прочитате

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден

Мицкоски утре на увид на изградба на фекална канализација во Идризово

Ешерихија коли и други бактерии има во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани