Утрински Весник
Свет

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е рекорден број од почетокот на пандемијата, изјави денеска руската министерка за здравство Светлана Стригункова.

„Во изминатата недела, бројот на пациенти со потврден вирус се зголеми за три проценти или за 8.500 луѓе. Бројот на дневни инфекции достигна 1.800. Ова е наш апсолутен рекорд“, рече Стригункова на состанокот на владата Москвската област, а пренесе агенцијата ТАСС.

Можете да прочитате

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција

Зеленски бара зимско примирје со Русија за да се одржат избори