Утрински Весник
Свет

Премиерот на Јапонија со најава – Олимписките игри може да бидат без публика

СЗО: Форматот на Олимписките игри во Токио зависи од кoронавирусот

Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, денеска не ја исклучи можноста за одржување на Олимписките игри во Токио, од 23 јули до 8 август, без публика, доколку главниот град на Јапонија се наоѓа во вонредна состојба поради Ковид- 19.

„Ако е во сила вонредна состојба, тогаш не можеме да ја исклучиме можноста да нема гледачи на спортските арени“, рече Суга, пренесуваат агенциите.

Се очекува во текот на денот организаторите на Олимписките игри да одлучат дали ќе дозволат присуство на навивачи на стадионите.

Суга ја укина вонредната состојба во Токио минатата недела, но ја задржа таканаречената „квази-состојба на вонредна состојба“ со придружни ограничувачки мерки до 11 јули.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година