Утрински Весник
Македонија

(Видео) Филипче: Додека ние не спиевме за да ја менаџираме коронакризата, ВМРО-ДПМНЕ се будеше со идејата како политички да профитира

(Видео) Филипче: Додека ние не спиевме за да ја менаџираме коронакризата, ВМРО-ДПМНЕ се будеше со идејата како политички да профитира

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на најголемата здравствена и економска криза, што го зафати светот лажеше, креираше лажни вести, се закануваше, а нивните закани се резултат на страв и несигурност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

„ Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат“ нагласи Филипче, потсетувајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните.

„ Слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани, не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби, ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници“, рече Филипче, додавајќи дека волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот.

„ Изборот е јасен, на една страна ние транспарентно и одговорно работиме, го слушаме гласот на граѓаните и знаеме да ретерираме и одлуките да ги смениме, така се владее државнички и одговорно на другата се ВМРО-ДПМНЕ партија која промовира насилство и штити криминал, таква партија нема иднина, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Можете да прочитате

Потпишана Заедничка декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција – заедничка борба со организираниот криминал и забрзување на легалната трговија

Сопругот на директорката на централен регистар, потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и сопругата на починатиот Игор Југ избрани на огласот на М-НАВ, поради кој ќе штрајкуваа контролорите на летање

Игри на среќа без правила: Новиот предлог-закон ги погодува вработените етнички Македонци