Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел на Торонто, објави канадската полиција.

Официјалниот претставник на полицијата во Торонто, Кели Скинер, изјави дека едногодишно момче, петгодишно девојче и 11 годишно момче се повредени, објави АП.

Таа не прецизираше во каква состојба се повредените деца, но лекарите претходно соопштија дека едното дете е во опасност, додека другото е во тешка состојба. Третото дете се здобило со полесни повреди.

Во пукањето е ранет и 23-годишен маж.

Скинер изјави дека децата не биле цел на нападот, како и дека полицијата трага по повеќе осомничени, но информациите за нив сè уште не се објавени.

Можете да прочитате

Руска новинарка осудена на 12 години затвор под обвинение за предавство на државата

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност